ДЕН НА ПРОЛЕТТА #14

МТБ Штип • 22 Март 2026 • 08:00 часот

ЗА НАСТАНОТ

Другари велосипедисти, аматери, професионалци, рекреативци и сите останати, вљубеници во природата и здравиот начин на живот.

Оваа година по 14ти пат (досадни сме моШ веќе) ја организираме нашата ДЕН НА ПРОЛЕТТА и по тој повод ве покануваме на дружба и возење, да ја отвориме официјално велосипедската сезона.

Како прв официјален настан на велосипедскиот календар на настани (22.03. Недела) при Асоцијацијата МААВЗК оваа година ви нудиме нова патека, нов предел за истражување и уживање, го посетуваме познатиот Кањон Камник познат како Штипскиот КОЛОРАДО.

Не се откажуваме од Плачковица, возиме во нејзиното подножје. Патеката е најголем дел земјен пат, со должина околу 40км и 800 метри позитивна висинска разлика и е кружна.

Стартот на турата оваа година е од урбана средина, од Трговскиот центар ЕЛКОС кон околните Плачковички села Шашаварлија, Никоман, од каде што почнува спустот во Кањонот КАМНИК (секако со зголемена претпазливост и внимание се спуштаме), некоја минута уживање во прекраснотиите што ги нуди КАМНИК и продолжуваме.

Враќањето е предвидено преку с.Радање, од местото попознато кај нас како Благова река. Доколку поради дождовите и непроодниот пат (многу кал) не можеме, враќањето ќе биде по асфалтниот пат до Штип, до стартната точка.

За крај ќе не чека познатата Штипска пастрамајлија, не Велешка пита или Радовишки сомун и музичко-забавен дел со ДЈ, Бенд и фолклорна секција при Државното музичко училиште Сергеј Михајлов.

🚵 ~40 км патека
⛰️ 800м висинска разлика
🔄 Кружна рута

ИНТЕРАКТИВНА КАРТА

ДЕТАЛИ / ИНФО

📅
Датум
Недела, 22 Март 2026
Почеток
08:00 часот
📍
Старт
ТЦ ЕЛКОС, Штип
🚵
Категории
Аматери, Рекреативци, Професионалци – сите добредојдени!

ПОСЛЕ ВОЗЕЊЕТО

Штипска пастрамајлија
Штипска пастрамајлија
Традиционален деликатес за сите учесници
🎵
ДЈ + Бенд
Музичко-забавен дел за одлична атмосфера
🎭
Фолклорна секција
ДМУ Сергеј Михајлов